Министерот за земјоделство, Љупчо Николовски кажа дека цената на кромидот достигнува до 100 денари за килограм, иако неговата реална цена е двојно пониска, односно треба да биде 50 денари.

Николовски кажа дека министерството дава поддршка за замрзнување на цените на одредени земјоделски производи.

Ова е време за солидарност, а не за профитерство. Јас нема да дозволам никој да се збогати на грбот на земјоделците и граѓаните. Производствена цена на кромидот е околу 20 денари по килограм за работна сила и дополнителни трошоци, а тоа значи дека со сите останати трошоци на трговецот, реалната цена треба да биде до 50 килограми за килограм – вели Николовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.