Криминалот, тендерите во 4 очи во РЕК Битола и целосната неодговорност од страна на криминалната власт на СДСМ и ДУИ го доведе енергетскиот систем во целосна капитулација, вели ВМРО-ДПМНЕ

Заради неодговорното работење во енергетскиот систем во државата, граѓаните, стопанството и општините денес плаќаат за 3 пати повисоки сметки за електрична енергија. Секојдневните хаварии во РЕК Битола со не работата на дел од блоковите, поплавата од пред неколку дена во рудникот Суводол, немањето суровини и ископ на јаглен се реалната состојба за негрижата на власта кон енергетскиот систем. Поплавувањето во рудникот Суводол е резултат на неискуството, нестручноста и непочитување на соодветната рударска документација при вршењето на ископ на јаглен. Нестручниот, непрофесионалниот и несовесниот пристап кон работата во РЕК Битола и другите енергетски капацитети во Македонија, резултира со ваков тип на појави каде цената на нивно санирање ќе биде на товар единствено врз грбот на граѓаните. Според официјалните податоци за две година повеќе од 1терават час електрична енергија ЕЛЕМ произведува помалку. Па така во 2019 година ЕЛЕН произведувале 4,25 терават часови, а во 2021 година произвеле само 3,17 терават часови. Ваквото неодговорно работење на оваа криминална власт мора да и се стави крај. Премногу е! Излезот од оваа криза, но и од грабежот на граѓаните од власта е во брзи предвремени парламентарни избори, се вели во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.