Коментирајќи ги економските политики на Зоран Заев, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на гостувањето на ТВ Сонце истакна дека тие се базирани на трговија со парите на граѓаните. Тој посочи дека Заев тргува со она што им припаѓа на граѓаните и додава дека на овој начин државата не може да се развива, а ниту една реформа на власта не се темели на здрава основа.

Тој тргува со тоа што е ваше. Еднаш ви го зел, втор пат ви го зел и сега сакаа да ви врати. Немојте да им верувате на луѓето кои еднаш се докажале дека не ја говорат вистината. Нашата битка е таа да убедиме што е можно во нашата вистина, да убедиме што е можно повеќе луѓе дека не е вистина. Да ги убедиме дека на овој начин не може државата да се развие. Претпоставувам дека нивната битка ќе биде спротивна дека ова е тоа. Но еве да се вратам на почетокот од тезата, кажете ми една реформа која што е успешна и која што се темели на здрава основа. Не постои таква реформа, потенцираше тој.

Мицкоски истакна дека владата фиктивно и интервенционистички ја зголемила минималната плата, што рефлектирало со зголемување на просечната плата, го укинала основот за зголемување на пензиите и им скратила на пензионерите 1.500 денари коишто требало да ги добијат.

Од први јануари 2019 година го укинаа законското решение за нивелирање на пензиите двапати годишно по две основи, еднаш во и еднаш во јули. И тоа по основ зголемување на трошоците за живот и по основ зголемување или намалување на просечната плата во државата, вели Мицкоски.

Тој рече дека владата сфатила дека нема доволно пари во буџетот за да го сервисира вториот столб затоа и го укина, па отсега натаму на пензионерите ќе им ја нивелираат пензијата според трошоците за живот.

А трошоците за живот се минимални, некогаш и негативни, владата пензијата ја зголеми за смешни 36 денари, па тоа создаде револт. И сега наеднаш откако им укина на пензионерите 1.500 денари за 2019 и потенцијално за 2020, 750 денари сега, 750 денари за 2020 година, велат дека еднократко ќе ги зголемат за 700 денари,откако им укинаа 1.500 денари, тоа е лицемерие. Ако не го укинеа вториот столб, пензионерите ќе ги имаа овие пари и плус зголемување за 2020 година, посочи Мицкоски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.