Фирмите и самостојните вршители на дејност за мерката за помош за исплата на плати за февруари и март од петтиот пакет мерки ќе може да аплицираат до 30 април годинава, објави заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски на својот фејсбук профил.

Во објавата додава дека за финансиската поддршка за ранливи категории на граѓани од 6.000 денари од четвртиот пакет мерки, за оние кои не успееја да ја ползуваат мерката, ќе се даде дополнителен рок до 31 мај за ажурирање на податоците за да можат истата да ја искористат.

Роковите се продолжени преку амандмани усвоени денес на Комисијата за финансирање и буџет во Собранието, со цел за да граѓаните и фирмите имаат реални рокови за да ги искористат мерките. Очекуваме Собранието наскоро да ги донесе законите поврзани со економско-социјалните мерки, кои ќе им помогнат на граѓаните и фирмите за полесно надминување на последиците од ковид-кризата, наведува Ковачевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.