Стојам на ставот дека секој вработен заслужува еден ден во неделата да биде со своето семејство. Јас сум на страната на работниците кои заслужуваат недела да им биде неработен ден, да може да го поминат со децата, со семејствата и да имаат слободно време во кое ќе се посветат на нив. Ова вечерва го соопшти премиерот Димитар Ковачевски во интервју за Канал 5.

Премиерот потсети дека недела – неработен ден е донесен низ инклузивен процес во кој, како што рече, беа вклучени и коморите и синдикатите и сите социјални партнери.

Тој најави дека утре ќе разговара со Стопанската комора и бизнисите кои негодуваат на овој Закон, донесен низ социјален дијалог во кој беа вклучени сите социјални партнери.

– Постојат индустрии кои не може да се затворат, има процеси кои не може да се запрат, тоа беше земено предвид при изготвувањето на законот. Верувам дека секое решение може да се постигне низ социјален дијалог, нагласи Ковачевски.

Премиерот додаде дека како што и законското решение произлезе од социјалниот дијалог и сите проблеми може да се решат на истиот начин, потенцирајќи дека секој вработен заслужува еден ден да биде со своето семејство, како што тоа е и во другите држави.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.