Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски заедно со министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска во Јосифово, Валандово ја посети млекарницата „Вардарец” која претставува успешна приказна на домашна компанија со долгогодишна традиција, квалитет и идеја за развој.

Пред сè сакам да се заблагодарам на сопствениците, вработените во млекарницата „Вардарец“ за убавото добредојде. Пријатно е да се слушнат успешни приказни, полни со традиција и квалитет, но и со идеја за развој.

Можам слободно да кажам дека таква е млекарницата „Вардарец“ која на овие простори опстојува веќе 25 години. Во разговор со вработените слушнав дека фабриката претставува долгогодишна традиција во производството на млечни производи.

Посебно се радувам што со ИПАРД програмата, „Вардарец“ имаат долгорочна развојна цел и лани овде во индустриската зона во Јосифово го отовориле овој нов погон каде се произведуваат разновидни млечни производи. Ова е уште еден показател дека со помош на европски фондови нашите домашни компании може да го унапредат и развијат сопственото производство.

„Вардарец“ е одличен пример за придобивките од ИПАРД и за поддршката што ни ја дава Европската Унија.

Со помош на финансиска поддршка за земјоделците, „Вардарец“ користи и субвенции за сопствено производство на земјоделски производи.

Оваа Влада секогаш ќе биде ветар во грб и потпора на производителите, на компаниите, на бизнис секторот.

Живееме во времиња полни со предизвици, времиња кои бараат брза адаптација и реакција. Јас сум одговорен човек, Владата која ја предводам умее и да интервенира каде и како треба, но во исто време одговорно управуваме со јавните финансии.

Затоа и донесовме пакет мерки што ќе одговори на повеќето предизвици наметнати од економската и енергетската криза.

Периодот очекувам стабилизирање на цените на основните прехранбени производи, затоа им помогнавме на компаниите и со последниот пакет антикризни мерки производителите на прехранбени производи, ќе можат да склучуваат договори со „ЕСМ Продажба“, за да користат поевтина струја.

Нема поголем приоритет од справувањето со енергетската криза, заштитата на животниот стандард и одржување на ликвидноста на компаниите. Работиме одговорно, рационално, ги кратиме непродуктивните трошења сé со цел заедно да се избориме со оваа криза. Во оваа најголема економско-енергетска криза никој нема да биде оставен сам.

Како Влада не го заборавивме и долгорочниот правец, тоа е показател каде одиме како општество, тоа е показател дека ги следиме глобалните околности кон обновливи извори на енергија. Создадовме можност преку законски измени, на секој граѓанин, компанија најбрзо и со едноставни процедури и по поволни услови, да може да постават сопствени фотонапонски електроцентрали за производство на струја.

Важно е сите заедно да го пребродиме овој кризен период, затоа антикризните мерки не изоставија никого, ќе го зачуваме стандардот на сите граѓани.

Уште еднаш да се заблагодарам на домаќините, посакувам зголемено производство, а за некоја година и извоз надвор од границата на Македонија, оваа Влада земјата ја врати на европски колосек за европска иднина на сите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.