По неколку седници на економско-социјалниот совет, Владата, Синдикатот, работодавците, постигнавме договор за зголемување на минималната плата, јас секогаш сум бил застапник да трудот на работниците треба да се вреднува и дека минималната плата е нешто што треба да биде над прагот на сиромаштијата, истакна премиерот Димитар Ковачевски во своето гостување во емисијата „200„ на телевизија Алсат.

Премиерот посочи дека минималната плата за само четири и пол години пораснала за 100 отсто, односно двојно, додека стапката на невработеност денеска изнесува најниски 15,7 отсто.

Пред доаѓањето на оваа Влада на СДСМ Македонија беше препознаена како рај за евтина работна сила и тука доаѓаа инвеститори на кои што им се нудеа вработени од 9.000 денари. Во тоа време беа потребни четири минимални плати за покривање на една потрошувачка кошничка, денес после 100% зголемување на минималната плата имаме намален број на невработени лица, значи историски најмала стапка на невработеност од 15,7 отсто, и денес, потрошувачката кошничка се покрива со две плати, заклучи Ковачевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.