УНИ Банка АД Скопје, издаде хибриден капитален инструмент познат и како перпетуална обврзница, со цел зголемување на основниот капитал на Банката.

Овој финансиски инструмент ги обединува карактеристиките на обичните акции и на облигационен инструмент и е прв од ваков вид на македонскиот финансиски пазар, но истиот е добро познат во меѓународната практика.

Издавањето на оваа перпетуална обврзница, ќе и овозможи дополнителна можност на УНИБанка АД Скопје, да го продолжи својот раст и да ги зголеми својот пазарен удел и добивката – истакна Владислав Хаџидинев, извршен директор на УНИ Банка.

Вкупната вредност на перпетуалната обврзница изнесува 5 милиони евра, а годишната камата е 9% за првите 5 години.

Од 01.03.2019 година, перпетуалната обврзница е котирана и со неа може да се тргува на Македонската берза, со што пристапот до истата е овозможен до сите потенцијални вложувачи.
Ова го објавија претставници на финансиската институција на настанот организиран во хотелот DoubleTree by Hilton во Скопје.

На него присуствуваа клиенти, преставници на институции и партнери на „УНИ Банка”, како и познати претставници на деловниот свет во земјата.

За повеќе информации кликнете на овој линк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.