Бизнисменот Трифун Костовски, сопственик на Еуростандард банка која оди под стечај, денеска на прес конференција обвини дека некому му се брзало згаснувањето на банката иако планот бил сами да ја спасат банката.

Тој јавно побара да му се даде пример, како при неформирана Влада, при пандемија, во ваква  дадена ситуација се превземаат такви ригозорни мерки. Тој обелодени дека течеле преговори за продажба на Банката, но дека истата е спречена.

Од семејството Костовски истакнаа дека имало инвеститор кој требало да достави понуда до денеска, а тоа го знаела и НБРМ. Тој бил сериозен инвеститор, но поради корона кризата не биле во можност да дојдат во земјата и да го презентираат целиот бизнис план за продажба на банката

Имавме понуди за продажба  на нашата банка, кои гарантираа стабилност, просперитет и развој, имавме понуди од големи групации и за тоа беа запознаени  од Народната банка. Едниствен  услов беше да дојдат тука, но тоа не се случи поради состојбата со  Ковид 19. Крајниот период за понудата беше денешниот ден, изјави Коста Костовски.

Вината, истакна Костовски, ја лоцираат во Управниот одбор. Според него, биле пренесени жедни преку вода. Најави дека против Управниот одбор ќе поднесат кривични пријави за злоупотреба, сомневајќи се на злоупотребување на сметките на приватните и правните лица во Банката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.