Бизнисменот Трифун Костовски, кој беше сопственик на пропадната Еуростандард банка, во емисијата „Студио 10“ на „ТВ 24“ изјави дека долгогодишниот директор на Еуростандард банка, Николче Петковски, одработувал за себе и за политички партии, а големи средства од банката се одлевале во струмичкиот регион.

Костовски тврди дека пред година и половина дознал дека директорот Петковски, иако добар познавач на банкарството, сепак одработувал за политички партии, кон кретно за СДСМ, каде што бил член.

Големи средства од банката се во тој регион, во струмичкиот, во „Галафарм“, фирма која од самиот почеток требала да биде банкрот, меѓутоа упорно, упорно у упорно таму се пикале пари – изјави Костовски за „ТВ 24“.

Ксотоваки вели дека тие како сопственици не бегаат од одговорност.

Ние не бегаме од одговорност, змначи сносиме и наша вина што не дозволивме службите во банката да истераат се на виделина и да го кажат својот збор. Туку цело време од страна на Управниот одбор беа тапкани по глава да не смеат да кажуваат ништо ниту на Надзорните одбори, за сите девијантни појави, а не дека такви не беа нотирани, нотирани беа, меѓутоа сите бевме некако заслепени – изјави Костовски.

Прашан кои се за ова мотивите, вели дека неговата доверба била купена од претходиот директор на банката Николче Петковски.

Мотивите јас ги гледам првенствено во себе. Јас сум човекољубец, имам доверба во луѓето. Морам да кажам дека тој човек успеа да ја купи мојата доверба, бидејќи навистина е човек кој нема никаква мана во сопствениот живот. Зборуваме за Николче Петковски, кој десет години беше генерален директор. Не пие, не пуши, не пие кафиња, не е по никакви коцки или било што. Едноставно беше човек на место, асален, меѓутоа сето тоа е само добра фасада – вели Костовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.