Бизнисменот Трифун Костовски, сопственик на „Еуростандард банка“ денеска на прес конференција посочи дека сценариото се спремало, за банката да пропадне, а истовремено тие кои знаеле од Народната банка дека ќе се затвори банката, си ги повлекле парите.

Ова е добро планиран атак врз Еуростандард банка. Ова е сценарио коешто е правено со месеци наназад, за никој да не знае, само блиски до тие кругови во Народна банка на време биле известени да си ги повлечат парите бидејќи тоа и тоа и следува на Еуростандард банка, истакна Костовски.

Бизнисменот Костовски го обвини Управниот одбор за пропаѓањето на банката. Тој на денешната прес-конференција, заедно со неговиот син, најави дека правдата ќе ја бараат надвор од земјава.

Ќе одиме пред сè во арбитража, каде што доколку го добиеме спорот што ќе го отвориме понатаму, средствата ќе бидат наменети за нашите коминтенти, најави Коста Костовски.

Трифун Костовски ситуацијата ја опиша како кога „за кило месо, убиваш вол“.

Нашата вина ја лоцираме во изборот на Управниот одбор, нѐ пренесоа жедни преку вода, нè наместија, рече Костовски.

„А какви можеме да бидеме на пазарот, кога една година сме комплетно блокирани да работиме со правни и приватни лица. Преку ‘Еуростандард’ и така блокирана, 26 отсто од вкупниот платен промет се одвиваше преку таа банка заедно со Македонски пошти, рече Костовски во изјавата за медиумите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.