Одлуката за раскинување на договорот за рудникот Иловица е политичка, смета концесионерот Еуромакс Ресорсис. Бараат средба со  премиерот Заев, спогодбено да се надминат недоразборањата, во спротивно најавуваат тужба и милионски суми оштета.

Во секое демократско општество прво се чека одлуката на Управниот суд да се произнесе, да не се меша Владата во извршната власт, изјави Габриел.

Велат дека до сега инвестирале 50 милиони евра, планиралае да вложат уште 350 милиони евра,  да вработат 1.000 лица  и уште 2,700 индеректни вработувања.

Владата пред два дена еднострано го раскина договорот со Еуромакс Ресорсис, поради непотполна документација за издавање дозвола. Од Еуромакс велат – сите документи се доставени – доцневме поради неможноста и неработењето на државните административци во министерствата.

Вицепремиерот Анѓушев вели дека се уште не го добиле барањето за средба, но сигурно имале силни аргументии за раскинување на договорот

Денеска одлуката е објавена во Службен весник и веќе решението е правосилно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.