Компаниите со загуба ќе ги враќаат парите кои од државата ќе ги добија како помош за исплата на платите, мерка која треба да биде дел од петтиот пакет мерки за помош на стопанството.

Фирмите кои ќе прикажат добивка на крајот на годината нема да треба да ги враќаат парите. Владата размислува да направи ваква измена и кај субвенциите, но и кај бескаматните кредити со цел да ги мотивира компаниите повеќе да работат.

Во однос на поддршка на компаниите за исплата на плати, на бизнис секторот веројатно ќе ги понудиме и две опции, двата модели, со изменети услови. И опцијата за финансиска поддршка за исплата на плати и финансиска поддршка преку кредити со 0% камата. Наскоро ќе биде објавен целиот сет на економски мерки и ќе бидат презентирани сите детали, но да, духот на овој пакет е заздравување и развој. И во двете понудени решенија ќе има опција дел од средствата да станат неповратни доколку фирмата покаже успех и зголемување на поддршката при зголемување на бројот на вработени. Пакетот мерки, се уште се разработува во неговите детали, и во некој од следните денови ќе биде презентиран, велат од Влада.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.