Вицепремиерката задолжена за економски прашања и координација со економските ресори, Мила Царовска, на средба со претставници на стопанските комори, информираше дека е во постојана комуникацијата со претставниците на бизнис секторот во земјата и веќе е разговарано за реорганизација на производствените процеси и воведување на нови смени доколку е потребно.

Компаниите коишто имаат потреба да ја реорганизираат својата работа во смени, тоа да го направат за да нема застој во работењето, а работниците коишто имаат деца до 10 години да соработуваат во реорганизацијата. Исто така ги повикуваме компаниите коишто имаат можност да ја организираат својата работа од дома и со тоа да го спречат ширењето на корона вирусот“, рече Царовска.

Техничкиот премиер Оливер Спасовски на средбата посочи дека потребно е сите заеднички да ги почитуваме мерките, кои ги преземаме, бидејќи очигледно е според искуствата на други земји, дека каде се преземени радикални чекори таму има и позитивни резултати за справување со кризата во економијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.