Комората на сметководители на Македонија при Сојузот на стопански комори предлага да се пролонгираат роковите за поднесување на годишните и финансиските извештаи како дел од петтиот пакет економски мерки.

Од Комората најавуваат повеќе детали на денешната прес-конференција на која ќе стане збор и за Законот за вршење сметководствени работи.

На прес-конференцијата ќе се обратат Благоја Грозданов и Александра Андреева, членови на Управниот одбор на Комората на сметководители.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.