Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ порача:

И вечерва на ТВ дуелот Заев пак лаже. Но, официјалните податоци се други. Иако многу пати сме ги повториле, сепак уште еднаш напоменуваме: во 2015, 2016, 2017 година цената на струјата се намалува. Податоците се официјални од web-страната на Регулаторната комисија за енергетика. Заев неуморно лаже!

Увозот на струја од 170 евра за MWh е манипулација за јавноста. Тоа беше цена по која се продаваше електричната енергија на брзите во светот кога настана криза за снабдување со ел. Енергија и кога сите околни преносни системи престанаа да испорачуваат енергија токму поради таа криза во зимскиот пеиорд 2017 година. Тоа е период во кој се прогласи енергетска криза, но и покрај тоа во тој период ЕЛЕМ и нејзиниот тогашен Директор Мицкоски, успешно се справи и не дозволи покачување на цената на струјата за граѓаните на Македонија, велат тие.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.