Повеќе од милион евра, поточно 1,173,562 евра, ќе потроши Струмица за чистење на градот.

Според Бирото за јавни набавки, ЈПКД Комуналец – Струмица ќе му плати 72,174,060 денари на Друштвото за производство, трговија и услуги ДАСМАК ДООЕЛ увоз-извоз Струмица.

Во описот за тоа каква услуга ќе добие за возврат комуналното друштво, се вели „Услуги во врска со отпадни води, отпадоци, чистење и животна средина“.

Договорот е склучен на 25 ноември, а ќе важи во период од една година.

Во листата за јавни набавки нема слична нарачка од ниту една друга општина годинава.

Комуналец од Струмица досега двапати соработувал со фирмата „Дамаск“ и во двата случаи за набавка на метални контејнери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.