Итна помош од државата за спас на туризмот и угостителството. Ветените пари од 5 сет да стигнат што поскоро, но да се размислува и за 6 и 7 пакет, бараат од туристичко угостителскиот сектор. Минатата година била исклучително тешка за нив, регистрирале пад на прометот од 80 до 100 отсто. Бројките не се подобри и оваа. Ако не им се помогне најавуваат нови отпуштања, но и целосно згаснување на оваа гранка.

Во услови кога деловните субјекти се оставени сами да се снаоѓаат излезот се бара во намалување на трошоците кои во услови на немање деловна активност значи редуцирање на работни места. Потенцираме дека доколку се дозволи затворање на работните места ќе бидат потребни многу повеќе средства и време за нивно повторно отворање отколку што е сега потребно за нивно одржување и во прашање се доведува дали воопшто некогаш ќе се отворат доколку згаснат претпријатијата, вели за „Сител“ Ана Марија Алексова, член на Управен одбор на ТУК.

Оптимисти се дека оваа туристичка сезона нема да биде пропадната, иако се ќе зависи од здравствената криза и мерките и препораките и од другите земји. Затоа бараат јасни насоки од државата – дали да работат на привлекување туристи, и дали да склучуваат аранжмани во соседните земји. Ако границите не се отворат, државата да им помогне да им се вратат парите на оние кои лани ги уплатија.

Тие ваучери треба да се искористат до 21,12 оваа година. Како да ги искористат, ако не работиме. Затоа бараме да ни помегне, или да се продолжи важноста на тие ваучери, додава Алексова.

Инаку денеска министерот за економија најави дека најверојатно угостителите ќе бидат затворени и за престојните празници, на уште две недели. Но помош за овој сектор ќе има. Какви мерки се планираат, ќе се дефинира наредната недела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.