Уставниот суд денес нема да одлучува по иницијативата за поведување на постапка за оценка на уставноста на член 163 став 3 од Законот за банки. Седницата се одложува по вторпат, а причина за тоа, наведуваат од судот е состојбата со коронавирусот.

Оштетените штедачи се сомневаат дека се работи за притисок врз судиите да не ја поддржат иницијативата.

Иницијатива за укинување на членот 163 став 3 од Закон за банки повторно  беше ставена на  дневен ред како втора точка од шест точки на последната седница која се одржа на  25 март 2021 година. На таа седница се случи пресвртот кога повторно почна дискусија за точката, и на таа дискусија од страна на еден од судиите кој претходно гласаше против, д-р Осман Кадриу го промени својот претходен став во врска со иницијативата и практично ја најави пресвртницата за решавање на оваа неправда врз штедачите. Потоа требаше да следи гласање и донесување нова одлука и доколку тоа се направеше, резултатот ќе беше пет судии за прифаќање и три судии против прифаќање на иницијативата, но пред да се случи тоа, претседателот на Уставниот суд, судијата Сали Мурати, ја прекина седницата со наведување на причина дека мора да оди на состанок кој претходно го најавил, по што истата се одложи не за една недела како што е пракса, туку за две недели, пишува во сопштението на Оштетените штедачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.