Во Министерството за финансии, едно од најважните во државата, има недостаток и одлив на кадар, откри дополнителната заменичка министерка за финансии Гордана Димитриевска Кочоска во емисијата „Што не е јасно“ на „Алфа“.

Има сериозен одлив на кадар, луѓето си заминуваат од Министерството, владее демотивирачка атмосфера. Кога ги контролирате државните пари луѓето внатре треба да бидат мотивирани и да работат најдобро што можат, но за жал тоа не се случува, вели Кочоска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.