Аналитичарот, Сашо Клековски смета дека економскиот тим на Владата не е дораснат за справување со кризата која е предизвикана од пандемијата со корона вирусот. Тој во емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма истакна дека Владата многу доцна реагираше и дека економските мерки кои ги промовираат се многу задоцнети и но исто така и конфузни.

Кога се направија преструктуирањата во техничката Влада, во економските ресори, СДСМ не очекуваше дека ќе има корона епидемија, и мислам дека тимот не е дораснат, животно и работно да се справат со економската криза. Има многу нејаснотии, многу доцнење на помошта, рече Клекоски.

Тој појасни дека со тоа што Владата ќе издвои 0,2 посто од БДП за справување со економската гриза, покажува дека после Белорусија, ние имаме најниско одвојување во Европа, додавај ќи дека многу малку се направи, но и дека се нема јасна политика што ќе се заштитува, дали ќе се заштитуваат работните места или ќе се заштитуваат невработените.

Ние сме последна земја по економските мерки, а упорното повторување на врадините преставници дека имаме супер мерки, само дополнително создава нервоза кај сите чинители во приватниот сектор. Немаше брза реакција, ние до вчера се расправавме кој треба да добие помош, а кој не. Системот на УЈП, од трите мерки за две мерки беше нефункционален. Ние сме 11 мај и денес некој веќе почна некоја помош да добива, но ова е огромно доцнење, рече Клековски.

Економската состојба и рецесијата ке бидат многу тешки, при што тоа им дава огромен предност на опозиција во престојните избори, додаде новинарката Снежана Лупевска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.