Концесионерот на межународниот аеродорм Скопје, ТАВ Македонија, објави дека во периодот од 28 март до 16 мај следната година ќе бидат спроведени активности за обнова на пистата на аеродромот, поради тоа што во тој период авиосооообраќајот секојдневно ќе се реализира од 17 часот и 30 минути до 9 часот следниот ден.

Сакаме да ја информираме јавноста, вклучувајќи ги сите патници кои патуваат и планираат да патуваат преку Меѓународниот аеродром Скопје, дека како дел од инвестицискиот план за експанзија и реновирање на македонските аеродроми, следната година, почнувајќи од 28 март 2022 до 16 мај 2022, во времетраење од 50 дена, ТАВ Македонија планира да ја рехабилитира пистата на скопскиот аеродром. За оваа цел, авиосообраќајот на Меѓународниот аеродром Скопје, во овој временски период, ќе се случува од 17 часот и 30 минути попладне до 9 часот наутро – информира во соопштение ТАВ Македонија.

Оттаму најавуваат дека рехабилитацијата, планирана во консултација со сите засегнати страни, ќе биде завршена без затворање на аеродромот и со минимално влијание на авиосообраќајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.