Владината прес служба информираше за денешното усвојување на иформацијата во врска со потребата за оградување на парцелите, предвидени за изградба на фотонапонски електроцентрали, согласно Јавниот оглас за доделување на договор за право на користење на премија за електрична енергија произведена од фотонапонски електроцентрали изградени на земјиште во сопственост на државата.

Владата го задолжи Министерството за економија да пренамени средства за изработка на основен проект за оградување на локациите на државно земјиште за кои е објавен јавен оглас, како и за изработка на геодетски елаборати и хидролошки студии за планираното државно земјиште за кое ќе се објави Јавен оглас за премија за електрична енергија произведена од фотонапонски електроцентрали, изградени на земјиште во сопственост на Република Северна Македонија, во текот на наредната година, информира владината прес-служба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.