Во емисијата „А што не е јасно“ на телевизија Алфа гостуваше Билјана Муратовска од здружението на превозници МАКАМ Транс која жестоко ја критикуваше намерата на Владата за поскапување на акцизата на горивата.

Таа истакна дека ваквото зголемување ќе се одрази на секој еден граѓанин без исклучок, односно ќе се покачат цените на производите за широка потрошувачка како што е храната.

Воведувањето на зголемувањето на акцизата вопшто не е антикризна мерка затоа што тоа ќе значи зголемување на трошоците. Првиот удар би го понеле транспортерите затоа што во овие услови на движење на возилата, полициски часови и се друго, најголеми потрошувачи на нафта и нафтени деривати се превозниците. Меѓутоа превозниците превезуваат стока наменета за широка потрошувачка, а исто така е наменета за репромаатеријали во одредени производни циклуси што значи дека индицијата која што би настанала со зголемувањето на акцизата ќе се одрази на секој граѓанин во државата – вели таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.