Владата на Македонија денеска донесе Одлука за започнување на постапка за
доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за
финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање
на дистрибутивниот систем на природен гас во Република Македонија.

Владата ги задолжи Кабинетот на претседателот на владата, Кабинетот задолжен за координација на економските ресори, Министерството за животна
средина и просторно планирање, Министерството за транспорт и врски,
Регулаторна комисија за енергетика и АД НЕР Скопје во рок од три дена до
Министерството за економија да достават номинации за член и заменик член
во Комисијата за спроведување на постапката за доделување на Договор за
воспоставување на јавно приватно партнерство за изградба на нов систем за
дистрибуција на природен гас на територијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.