Цените на становите ќе останат стабилни, освен во општините Центар и Карпош каде се очекува зголемување на цената доколку продолжи сегашната ситуација со помал број одобренија за градба, а поголем број на продадени станови, покажуваат податоците за пазарот на недвижности што денеска ги презентираше „Фортонмка“, консултантска компанија за недвижен имот.

Во овие две општини се и највисоки цените за квадрат, односно во Центар просечната цена за метар квадратен без ДДВ изнесува 1.062 евра, а во Карпош 1.022 евра.

– Се продаваат повеќе станови отколку што општината издава одобренија за градба и природно е доколку овој тренд продолжи побарувачката да биде многу поголема и да има притисок врз цените. На краток рок нема да има импликации, но доколку овој тренд продолжи, тоа ќе се случи, истакна извршниот директор на Фортонмка, Влатко Богоевски на денешната прес-конференција

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.