Заменик министерот во МЗШВ, Цветан Трипуновски денеска ги посети пазарџиите во Виница.

Иако среда е пазарен ден во Виница пазарџиите се жалат, тезгите се полупразни, а купувачи скоро и да нема. Сликата на пазарот е многу поразлична од пред 15 години кога овој пазар важеше за еден од поголемите во источниот дел на Македонија.

Во наредниот период ќе работиме на подобрување на условите за сите граѓани на Македонија и со тоа да ги заживееме градовите и селата во Македонија, стои во Фејсбук статусот на Трипуновски.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.