На фотографија објавена од Тетово Сот може да се забележи лидерот на ДУИ Али Ахмети како седи во дворот на куќа, а над него се гледа орманчето за струја од кое излегува продолжен кабел.

Според правилата на ЕВН, никој освен вработените во австриската компанија не смее да има пристап до орманчето за струја во делот каде што не се наоѓаат осигурачите туку е сместен уредот за мерење на потрошената електрична енергија и каде што може да се премости струјомерот за да се дојде до бесплатна струја.

На сликата јасно се гледа дека кабелот излегува од делот до кој Ахмети или кој било друг корисник на орманчето не смее да има пристап.

Тетово Сот во својата објава повикува на реакција од ЕВН која според законот мора да го провери случајот и да поднесе соодветна пријава за лидерот на ДУИ Али Ахмети или за тој што приклучил кабел во орманчето доколку тоа е направено без дозвола.

Австриската компанија ЕВН со години се жали дека голем број граѓани сами ги отвораат сандачињата и ги премостуваат жиците за да не плаќаат за потрошената струја.

Штетата од ваквиот криминал се цени на милиони евра годишно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.