Нова цена на такси превозот нема и нема да има во блиска иднина, иако во јавноста се шпекулира дека веќе е побарано зголемување на почетната цена од некои компании. Од Групацијата на такси превозници информираат дека не доставиле предлог за менување на цената, а истото го потврдува и Град Скопје, пишува Плусинфо.

Претседателот на Групацијата на такси превоз на Град Скопје, Сашо Рајчановски, вели дека иако во текот на изминатата година такси превозниците имале помалку работа и загуби, сепак, нема најава за нови цени на такси превозот во Скопје, бидејќи засега има постигнато добра цена.

Целиот текст овде.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.