Светскиот бренд во производство на амбалажа за медицинска и фармацевтска индустрија „Герешајмер“ ќе инвестира во погон во Македонија, потврди денеска премиерот, Зоран Заев.

Со оваа инвестиција, рече тој, ќе се отворат 400 нови работни места.

Договорена е огромна инвестиција, втора по потпишување на протоколот за членство во НАТО. Тоа значи дека инвеститорите ја препознаваат земјата како стабилна и сигурна дестинација – рече Заев.

Вицепремиерот, Кочо Анѓушев, рече дека во оваа компанија се произведуваат апликатори, пенкала за инсулин, инхалатори и апарати за мерење шеќер во крвта, кои се користат ширум светот.

Четвртина од бројот вработени ќе бидат кадри со високо платени места, останатите ќе бидат со високи технолошки знаења – рече Анѓушев.

Компанијата во моментов има 50 фабрики во светот. Годишниот промет на „Герешајмер“ е 1,3 милијарди евра, или, како што рече Анѓушев, 1/3 од буџетот на Македонија.

Анѓушев додаде дека ова е прва од петте фази од инвестицијата, при што следните ќе бидат поголеми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.