Во угостителските објекти годинава ќе се организираат предновогодишни забави и журки, но само за вакцинираните, пишува весникот „Вечер“.

Во рестораните, кафеаните и кафулињата согласно постојните протоколи се дозволува организирање на музички настани со настап на музички уметници. И министерот за здравство Венко Филипче смета дека засега нема потреба од нови рестриктивни мерки, бидејќи сегашните се сосема доволни, но оти треба да се почитуваат. Од понеделникот во угостителските објекти може да се влегува само со сертификат за примени две дози вакцина или потврда за прележан ковид-19 во последните 45 дена.

Угостителите сметаат дека оваа мерка е уште еден удар врз нивниот бизнис, но очекуваат Владата да најде начин да им ги надополни штетите кои се нанесени со ова мерка. Сепак се задоволни што нема нови рестриктивни мерки и што ќе може да се организираат предновогодишни забави и настани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.