Ангел Димитров, претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија, очекува од октомври да има нов бран на отпуштања во македонското стопанство.

Државната помош за исплата на плати за февруари и март беше само за да се преброди кризата до август. Сега веќе неизвеснота е толку голема што не знаеме понатаму колку работа и нарачки ќе има од Европа, вели Димитров во вестите на „Сител“.

Тој ја повика власта да формира уште еден пакет со поволни економски мерки наесен. Во изминатиот период поради ковид-кризата имаше 30 отсто отпуштања во текстилната, а 60 отсто во кожарската индустрија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.