По својата дефиниција Агитпропот подразбира„агитација“ и „пропаганда“или политичка пропаганда карактеристична за комунизмот од советскиот тип. Главната карактеристика на Агитпропот се политичките памфлети кои што се пласираат преку контролираните медиуми, литературата,филмот, театарот, како и други форми на уметност со цел, индоктринација и затапување на „масите“ и создавање на „виртуелна-лажна реалност“, пишува поранешниот министер за финанции Кирил Миновски.

Во историски контекст гледано, Агитпопот е најстар вид на организирана политичкапропаганда воведена од Болшевиците во 1919 година.Под директен надзор на „советските политички комесари“, Агитпропот успешно бешевоведен и во поранешната СФРЈ, а го спроведуваше комунистичката партија која јавоведе ткн „диктатура на пролетеријатот“.Раководен од Комунистичката партија, Агитпропот воспостави широко распространетамрежа на здруженија на граѓани односно невладин сектор, медиуми, писатели, уметници,професори, академици, спортисти, кои што ја имаа улогата „на очи, уши и глас“ на Комунистичката партија. Оваа широка мрежа која што ја користеше Агитпропот сенарекуваше Социјалистички сојуз на работен народ.

Со осамостојувањето на Македонија, Агитпропот не исчезна, тој се трансформираше, на идентичен начин, како и поранешните комунисти кои што станаа социјалдемократи, асоцијалистичкиот сојуз на работниот народ се прелеа во медиумите, невладиниот сектор,културата, уметноста.

Иако преоблечени во ново демократско руво, менталната матрица, начинот на функционирање и методи на работа на Агитпропот не се променија. Арсеналот на средствата вклучуваа: сеење на омраза, страв, пресметки и дисквалификација на неистомислениците, конструирање на случаи, подмолни дискредитации и подместувања, се со цел да се одбранат привилегиите на партијата за која што сметаа дека има наследено право да владее во еднопартискиот амбиент.

Главната мајсторија на Агтипропот, беше и остана крирањето на опиум за народот воформа на виртуелна реалност, па со право можеме слободно да кажеме дека Агитпропот епрвиот креатор на концептот на „лажни вести“.Затоа што Агитпропот беше способен за секакви вратоломии, партиското да стане непартиско или хуманитрано, владиното да биде неваладино и експертско, портпароли дабидат истовремно и независни новинари.

Каков е и каков беше односот на Агтипропот кон економската реалност?Благодарение на Агитпропот денеска можеме слободно да говориме за постоење на новвид на економија наречена „Агитпроп економија“.

Истата би ја дефинирале како „перцепција за економска реалност дефинирана одАгитпропот“, која во зависно од партиската директива може да биде оптимистичка илипесимистичка.

Последните години Агитпропот говори за оптимистичка „Агитпроп економија“ која што базира на „ЌЕ оптимизам“.

“Ќе оптимизмот” , треба на „масите“ да им долови колку многу им е убаво иако тоа не го чувствуваат, раководени под диригентската палка на водачите, кои што Агитпропот ни гиотсликува во стрип верзија на „суперхерои“ кои што се способни да искреираатвиртуелна реалност: на повисок животен стандард, повисоки плати од 500 евра па нагоре, економско чудо од коешто сите во светот се воодушевени, новоизградениилјадници километри на патишта, пруги, клинички центри, нови училишта и слично.

Агитпропот иако цврсто стои на марксистичко-ленинистичките концепти на феудален комунизам, знае понекогаш да одглуми кејнзијанец за да се вклопи во пазарниот

амбиент.До пред неколку години Агитпроп економијата беше песимистичка, но денеска Агитпропотне информира дека имаме нова нормална состојба, а новата нормалност се креира наследниов начин:

– Стивната е загриженоста за историски најголемиот буџетски дефицит и ненаменскототрошење на буџетските средства

– Не постои повеќе загриженост за ниското ниво на капитални инвестиции ниту за

негативните перспективи на кредитниот рејтинг

– Не постои грижа за сигурноста на депозитите на поединците и компаниите во банките,

нуту пак се повикуваат деловните банки да не купуваат државни хартии од вредност

– Не постои загриженост ниту за трендот на зголемување на невработеноста, намалување

на странските директни инвестиции кои што беа главен носител на растотот на БДП

– Не се истражува на кој начин се дели социјалната помош и зашто Македонија има

највисоко ниво на поделена социјална помош по глава на жител во регионот, а сеуште е

држава на социјалци

– Не постои загриженост ниту за полнењето и стабилноста на пензискиот ситем, за

исплатата на платите и нивното намалување

– Никој повеќе не го интересира ни тоа што неговите деца и внуци ќе отплаќаат долгови

и дали задолжувањата се трошат за исплата на плати и пензии

– Исчезна – Калкулаторот на јавен долг во услови кога од умерено задолжена земја се

доближивме до 60 % од БДП јавен долг со што де факто стануваме високо задолжена држава

Што ќе се случи доколку се отиде во економијата во несакан правец што ќе биде пораката на Агитпропот?

Агитпропот за сите останати деца, освен за „нашите деца“ ќе го понуди рецептот кој што го користеше во деведесетите години наречен „стечајци“.

Се чини Агитпропот и стечајот секогаш одат рака под рака, па затоа новата нормалностќе ни ја најават со паролата „биди достоинствен стечаец, Google и Facebook само што не пристигнале“.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.