Во март е забележано намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити и на депозити, објави денеска Народната банка.

Според податоците на централната банка, во март просечната каматна стапка на вкупните кредити е на ниво од 4,59 проценти, а на вкупните депозити изнесува 0,89 проценти.

Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити изнесува 3,94 проценти и бележи пад од 0,31 процентен поен, а каматната стапка на новопримените депозити има месечен раст од 0,76 проценти или 0,05 процентни поени.

Кај корпоративниот сектор, каматната стапка на вкупните кредити е на исто ниво од 3,70 проценти како и претходниот месец, но е пониска за 0,38 процентни поени на годишна основа, додека кај вкупните депозити изнесува 1,15 проценти и има месечен пад од 0,05 процентни поени.

Кај домаќинствата, има пад на каматната стапка на вкупните кредити од 0,03 процентни поени и таа изнесува 5,40 проценти, а пад од 0,02 процентни поени има и кај просечната каматна стапка на вкупните депозити и изнесува 0,86 проценти

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.