Зоран Јовановски, главниот советник на Управниот одбор на Стопанската комора за економски прашања, во панел-дискусијата на Скопскиот економски форум рече дека Владата понатаму нема простор за големи задолжувања и дека финансиите треба добро да ги испланира кога станува збор за помошта кон стопанството во опоравувањето од ковид-кризата.

Податоците покажуваат дека во март годинава споредено со март 2020 покажуваат дека бројот на вработени во приватниот сектор се намалил за околу 32.000 лица или за 5 отсто. Најголем удар претрпе транспортот со пад на вработеноста од 21 проценти, туризмот и угостителството од 20 и градежништво со 6 проценти. Она што е важно е дека ова ќе потрае. На крајот од годинава нема да бидеме како на крајот од 2019, затоа ќе биде многу важно што ќе се прави оваа година и во периодот што ќе следи. Но во досегашниот период беше полесно да се обезбедат финансиски средства, постоеше маневарски простор за задолжување, но за наредниот период ќе биде потребна голема внимателност – оцени Јовановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.