Јавниот долг на земјава ќе расте, а стабилизација, или тој да падне под психолошката граница од 60 отсто од БДП, не се очекува до 2026 година, анализира економскиот портал „Денар“

Долгот годинава ќе достигне  63,9 проценти од БДП. Рекордот ќе се руши наредната 2022 година за кога се прогнозира тој да порасне на  65,9 проценти од БДП. Во 2023 е проектиран на 65,2 проценти. Намалување, но не подолу од 60 проценти е планирано за 2024 година – кога јавниот долг е проектиран на  62,5 проценти. Во 2025 треба да е 60,1 процент и дури 2026 да се спушти на 57,7 проценти од БДП.

Владата ја усвои Фискална стратегија за периодот од 2022-2024, со изгледи до 2026 година. И таа за Управување со јавниот долг.

Но Министерството за финансии, додека не ги објават стратегиите јавно, не откриваат колку милијарди ќе достигне јавниот долг во  наредните години. Земјава до март годинава должи најмногу до сега – 7,1 милијарда евра што е 62,5 проценти од БДП. А прогнозите се дека долгот ќе расте.

ЈАВЕН ДОЛГ ПО ГОДИНИ

2021                           63.9% од БДП

2022                           65.9% од БДП

2023                           65.2% од БДП

2024                           62.5% од БДП

2025                           60.1% од БДП

2026                            57.7% од БДП

Целата анализа на „Денар

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.