Игор Јанушев, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа прес конференција на која стана збор за нетранспарнтното склучување договри на Владата во заминување.

Владата на СДСМ во заминување, крајно нетранспарентно, далеку од очите на јавноста, склучи штетен договор кој ќе ги чини граѓаните 72 милиони евра.
Зоран Заев и Драги Рашковски се согласија 72 милиони евра пари на граѓаните да се прелеат на сметка на приватна фирма без да се знае кои се услуги кои ќе ги добијат и на кој начин ќе бидат наплаќани средствата од договорот.
Како што скандалозно и нетранспарентно ја отпочнаа аферата за формирање хеликоптерски итен медицински систем, така скандалозно и во најголема аферата продолжува со потпишување на договор.
Никој ниту соопшти што содржи договорот, ниту се обиде да одговори на дилемите и сомнежите поврзани со авантурата на Заев и Рашковски.
Единствено што јавноста виде, е скандалозна физибилити студија која беше полна со апсурди и нелогичности, изработена од лице кое што не е воопшто упатено во проблематиката.
Власта не кажува кои услуги ги добиваат граѓаните на Република Македонија за 72 милиони евра колку што ќе одвои државата!?
Кои се обврските кои САРХЕМС ги има кон државата и корисниците на услугите?
Колку часови летање се покриени со парите кои ги дава државата, и колку изнесува цената за еден час прелет!?
Дали приватниот партнер одбран од Заев и Рашковски ќе наплаќа процент од патарините или од авионските карти и прелетите?
Дали на приватниот партнер одбран од Заев и Рашковски ќе му бидат отстапени капацитетите за сместување на хеликоптерите?
Зошто кога државата плаќа 72 милиони евра, треба на фирмата да и се стави на располагање пилоти од војската и полицијата, со што се ослабнува капацитетот на безбедносните структури!?
Постои сериозен сомнеж дека со договорот се нанесува огромна штета на државниот буџет односно на буџетите на јавните претпријатија од каде ќе биде наплаќано.
Бараме ЈО да отвори истрага за случајот бидејќи се сомневаме дека сето ова се прави и заради нечиј личен интерес.
По промената на власта по 12-ти април овој договор ќе биде преиспитан, сите лица кои биле инволвирани и за кои ќе се обезбедат докази дека сториле противзаконски дејствија ќе одговараат согласно закон, рече Јанушев.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.