Продолжуваме со посетите низ Република Македонија. Денес сме во Крива Паланка, остваривме средба со неколку стопанственици, ги посетивме нивните фабрики односно производствени капацитети. Имаме средби со неколку целни групи и секако денот ќе заврши со внатре партиски состаноци, истакна Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Она што е видливо и она што го гледаме веќе неколку месеци низ целата држава е видливо овде во Крива Паланка. Луѓето се иселуваат со надеж за подобар живот, луѓето кои што ги среќаваме на улица се жалат за буквално лошото секојдневието кое што го имаат и не квалитетот на живот. Во фирмите со коишто ги посетивме и со луѓето со коишто разговаравме очекуваат од новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, кое што ќе следува после изборите на 12-ти април значителна помош и значителен придонес за стопанството, рече Јанушев и додаде:

Знаете веќе дека излеговме со повеќе конкретни мерки во однос на стопанството и економијата, преку враќање на рамниот данок и негово намалување, намалување на невработеноста на помалку од 10% во четири годишниот мандат но и она што секако е од особена важност за Крива Паланка и за целиот овој регион е најавата за изградба на новиот експресен пат Куманово-Паланка. Продолжуваме во следниот период со промоција на следните мерки од нашата програма кои што секако ќе бидат насочени кон граѓаните и ќе значат конечно ставање на крај на разнебитувањето на нашата држава од страна на оваа криминално рекетарска влада предводена од Заев. 12-ти е блиску 12-ти доаѓа за 50-тина дена и конечно почнува обновата на Република Македонија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.