Продолжуваме со посетите во рамки на „Обнова на Македонија“, рече генералниот секретар на ВМРО- ДПМНЕ Игор Јанушев во посета на Зрновци.

Денеска сме овде во Општината Зрновци, покрај Зрновци ќе ги посетиме и населените места Мородвис и Видовиште. Разговараме со граѓаните, ги слушаме нивните проблеми, но и ја гледаме перцепцијата на народот. А, таа е дека нема да престанеме со ова што го правиме се до 12-ти април, кога ќе ја издвојуваме огромната победа пред се за Република Македонија“ рече тој.

Јанушев нагласи дека обновата во државата доаѓа.

Обновата доаѓа со тоа што веќе излеговме пред вас граѓаните и го ветивме зголемување на пензиите во следниот 4-годишен мандат од 20-тина отсто, зголемување на просечната плата за 25%. И сите оние останати мерки кои што ги планираме преку намалување на даноците и создавање на услови за раст на економијата и стопанството. А, со тоа и за подобар живот на сите граѓани во Република Македонија. Она што граѓаните не го забораваат и го потенцираат е состојбата во која што се наоѓа државата. Таа состојба е очајно лоша и таа состојба ќе почне да се подобрува токму после 12-ти април со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, со формирањето на новата Влада и со почнување на обновата на државата“ рече Јанушев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.