Само држава со развиена инфраструктурна мрежа може да се надева на засилен економски раст. Се обврзуваме на реконструкција на сите државни патишта, дополнително ќе ја завршиме изградбата на експресниот пат Штип – Кочани и Штип – Радовиш кои беа почнати во време на претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ, истакна носителот на листа во ИЕ 3 од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, преку видео-обраќање.

Тој открива дека во делот од североистокот од Ранковце до Крива Паланка ќе се изградат исто така експресен пат што ќе значи заокружување на Коридорот 8 на делницата помеѓу Скопје и Софија, а ќе се разгледа можноста и за отворање на граничниот премин „Црна скала” и поврзување на Македонија со Бугарија преку нов граничен премин кај Делчево.

Дополнително ќе го отвориме граничниот премин премин Клепало – Сандански со што Берово ќе добие директен линк со котлината на река Струма и автопатот Софија – Солун. Градежната офанзива значи и реконструкција и рехабилитација на над 1.000 километри патишта, проект на кој се обврзуваме, најавува Јанушев

Носителот на листа во ИЕ 3 исто така истакнува дека квалитетното железничко поврзување исто така ќе биде нивни приоритет.

Ќе ја завршиме пругата од Куманово до Деве Баир, но и ќе набавиме нови возови, истакнува Јанушев.

На крајот тој порачува дека Македонија ќе биде земја со развиена патна и железничка инфраструктура на ниво како и останатите земји од Европа.

Само држава со развиена инфраструктурна мрежа може да се надева на засилен економски раст. Се обврзуваме…

Gepostet von Igor Janushev am Sonntag, 5. Juli 2020

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.