По средбите со лозарите од Кавадарци и Росоман, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ заедно со дел од членовите на партијата денеска ги посети и лозарите од Неготино.

Мицоски посочи дека и во Неготино генерално преовладува идентична слика дека денеска тие се во очајна, катаклизмична ситуација поради условите предизвикани од страна на Владата предводена од СДСМ и Зоран Заев.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ во рамки на програмата обнова за Македонија ќе предвиде решенија кои што ќе значат вистински решенија за реалните проблеми на лозарите во Тиквешијата, а со самото тоа ќе го зголеми и квалитетот на нивниот живот.

Јас не би сакал да навлегувам во било каква политичка квалификација како што тоа го правеше министерот за земјоделие и малкумината обожаватели околу Зоран Заев и ги оквалификува верните земјоделци и лозаропроизводители овдека од Тиквешијата дека наводно биле изманипулирани од страна на политичките елити, па излегле на протест. Напротив, денеска имав можност да разговарам со лозаропроизводители од целата Тиквешија без разлика на нивната политичка припадност или неопределеност, без разлика која партија повеќе ја преферираат, заедничка е маката на сите, и сите оние политичарите кои што ги делат лозарите а и земјоделците во Република Македонија на подобни и неподобни за власта мислам дека прават огромна грешка, а таа грешка ќе им се удри од главата на истите тие политичари веќе на следните предвремени парламентарни избори, порача Мицкоски.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ја почитува маката на земјоделците.

ВМРО-ДПМНЕ ја почитува секоја капка пот на нивите во Република Македонија, а таа почит ќе ја преточи на лист хартија во програмата за Обнова на Македонија, а веднаш потоа во првите 100 дена од новата влада ќе се вклучи во решавање на истите тие проблеми.

 

Доаѓа обнова за Македонија и доаѓаат решенија за проблемите на земјоделците без разлика на нивната политичка припадност или неприпадност, порача Мицкоски од Неготино.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.