По вонредната состојба во земјата и пролонгирањето на присилната наплата за уште 30 дена, од денеска извршителите се враќаат на работа. Почнува присилната наплата на долговите на граѓаните и блокирање на банкарските сметки.

Од Комората на извршители велат дека извршителите се подготвени да почнат со својата редовна работа. Тие велат дека и досега примаа барања за извршување и ги подготвуваа предметите, но од денеска ќе почнат и со извршување на наплатата на долговите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.