Извозот на стоки од земјава во првиот квартал годинава бележи раст од 29 отсто во однос на тој период лани, објави Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари – март 2021 година, изнесува 2.002.586 илјади американски долари, вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 2,637.519 илјади американски долари, што е за 24,6 отсто повеќе во споредба со истиот период од претходната година, додека трговскиот дефицит, во периодот јануари – март 2021 година, изнесува 634.933 илјади американски долари.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – март 2021, изнесува 75.9отсто.

Трговската размена по производи покажува дека најмногу сме извезувале катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и фероникелот, а сме увозувале најмногу другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, ќерамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба, платината и легурите на платина, необработени или во прав и нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови).

Во периодот јануари – март 2021 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република  Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Кина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.