Измамник се јавувал кај граѓани и барал пари за наводно да им врати заостанати пензии на нивни блиски, објави „Сител“.

Информацијата која се појави на социјалните мрежи ја потврдија и од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и досега неофицијално 15-тина граѓани биле исконтактирани од машко лице кое се претставило  дека е вработен во ПИОМ.

Кажа дека има увид за мојот покоен таткодека му немаат исплатено 397.000 денари и доколку во рок од 24 часа се испратат по автобус фотокопија од извод на родени, трансакциска сметка и 1870 денари и 100 денари на возачот веднаш на нашата трансакциска ќе легнат парите, напиша скопјанка на Фејсбук.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.