Mагистралниот гасовод Скопје – Тетово – Гостивар во должина од 78 километри има 70 процентна реализација во градбата, беше посоченo при денешниот увид во изградбата на трасата на гасоводот во Тетово, во близина на селото Фалише. Бајрам Реџепи, директорот на Национални енергетски ресурси (НЕР) очекува до крај на 2020 гасодовод да биде пуштен во употреба.

Тука се гради главна мерна регулациска станица кај Фалише која ќе биде со капацитет од 22 илјади кубни метри гас на час или 192 милиони на годишно ниво што ќе биде доволно за целиот полошки регион. Ова е дел од ЛОТ 5 почнува од Скопје завршува во Гостивар од вкупна должина од 78 километри плус крак Тетово 10 километри. Ова е на ниво на 60 отсто книжна реализација, реалната е уште поголема бидејќи има 70 отстотна реализација. Очекувам  оваа делница да биде завршена во прва половина од наредната година по што ќе се следи испитување на комфор стандарди за градење. При крај на наредна година оваа делница ќе биде пуштена во употреба, рече Реџепи.

Општина Тетово е во тек и работи на документација за изведба на секундарна мрежа низ градот, рече градоначалничката Теута Арифи.

За сите граѓани за целиот полошки плански регион важно е приближувањето со гасоводот до границите на Општина Тетово. Ова е голема можност за семејните економии и за намалување на пробелемите со загадувањето. Темпото е брзо и ни дава обрвска побрзо да работиме. Тетово заврши идеен проект за 20 километри дисперзивна дистрибутивна мрежа за општината и при крај сме со техничкиот проект за 10 километри дистрибутивна мрежа до јавните објекти, изјави Арифи.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески потенцира дека со ова се реализира еден од врвните приоритети на Владата за изградба на гасовод.

Гасоводот ќе значи бенефит и за општините и за граѓаните кои се клучни во добивање на оваа мерка. Минатата година со колегите министри, рековме дека ќе има силна динамика и тоа се случи. Технички и финансиски имаме одлична реализацијата и резултати, како и во делот од капиталните инвестиции. Со ноемвриската ситуација која очекуваме да дојде во Министерството ќе имаме преку 90 проценти на реализација, рече Сугарески.

 

Претставниците на Владата информираа дека е во план наредна година да почне гасоводна делница од Гостивар до Кичево со средства од ЕБРД.

Гасовод до Тетово може да функционира поединечно. Имаме блок станици поставено секаде. До 2023 година очекуваме да се догради целиот прстен преку Кичево и Охрид до Битола што е важно за стабилност на системот, рече Реџепи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.