Изгор цени по пазарите. Во споредба со лани цените на некои земјоделски производи се двојно зголемени. Компирот и зелката се продаваат по 40 денари за килограм, доматите се од 60 до 80 денари, пиперот од 50 до 70 денари, краставиците 50 денари, кромидот 30 денари за килограм…

Порастот на цената на нафтата која е главен енергенс во земјоделското производство повторно ќе ги покачи цените на земјоделските производи. Нафтата е основен трошок во земјоделството, цела механизација го користи овој енергенс, па логично е дека со зголемување на нејзината цена ќе растат и цените на земјоделските производи. Освен нафтата поскапе работната рака, транспортот на земјоделските производи и сите препарати и ѓубрива кои се користат во земјоделството. Земјоделците велат дека субвенциите за нафта за земјоделството реално веќе не се 50 отсто, туку 20 отсто, бидејќи државата во меѓувреме воведе еколошката такса од 3,5 отсто, а цената на нафтата отиде до плафон.

Производителите и трговците велат дека цените уште ќе растат, поради зголемувањето на трошоците за производство.

Извор: Вечер

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.