Град Скопје и Агенцијата „SWOT Research“, за анализа квалитетот на услугата, 14. пат го реализираа проектот „Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите“, во главниот град.

Најдобри угостителски објекти во Скопје за 2021 година, во четирите категории се:

Категорија ресторани

1 Место: Пелистер

2 Место: „FOUR“

3 Место: CARPE DIEM

Категорија гостилници

1 Место: Дебар маало

2 Место: Градска кафеана – Кај Јоле

3 Место: Дукат

Категорија Lounge и мезе барови

1 Место: „ДISTRIKT BAR &KITCHEN“

2 Место: „Public room“

3 Место: „SOUL KITCHEN“

Категорија кафулиња

1 Место: „Mr. Jack“

2 Место: „CHILLIN’ BAR“

3 Место: „DEUS“

Агенцијата ангажираше тајни купувачи, кои ги посетија угостителск ите објекти, избрани по случаен избор во трката за Најдобар угостителски објект во 2021 година, а потоа следуваше сумирање на резултатите. Најдобрите угостителски објекти се избираат по пат на независни и објективни тајни купувачи, при што беа посетени 173 угостителски објекти – соопшти Град Скопје.

Квалитетот на услугата се оценуваше според девет елементи:

Прв контакт – (поздравување и упатување кон место за седење, приоѓање на келнерот, поздравување)

Хигиена на објектот – (чистота на простор, маси, чаршафи, столови, прибор, мени)

Ковид критериуми – (носење заштитна маска, растојание на маси, средства за дезинфекција)

Тоалет – (хигиена на простор и санитарии, бришачи, заклучување, закачалки)

Амбиент – (осветлување, температура, миризба, музика)

Услуга на келнерите – (љубезност, проактивност, волја да се излезе во пресрет, посветеност, однесување)

Општа услуга – (асортиман, соодветно послужување, време на услужување, издавање фискална сметка)

Квалитет на храната – (свежина, количина, вкус)

Завршен контакт – (заблагодарување и отпоздравување)

Од Град Скопје соопштија дека и оваа година доделувањето на плакетите се одржа согласно протоколите за Ковид-19, односно со ограничен број на лица, со цел заштита и превенција од ширење на вирусот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.