550 километри автопатишта беа предизборна лага на СДСМ, рече вечерва на гостувањето во „Тренд анализа“ Синиша Ивановски од ВМРО-ДПМНЕ, претседател на партиската комисија за транспорт и врски.

Споед него, безбедноста на патиштата се на нулта ниво, нема безбедноста сигнализација, без лед диоди и дека несреќите што се случуваат на годишно ниво расте. Тој потенцираше дека во времето на ВМРО-ДПМНЕ се започнати многу изградби на автопатишта.

Според Ивановски, има големо незадоволство кај народот во реализирањето на инфраструктурата за разлика од она што било ветено. Некои работи се видливи, појасни тој дали некои патишта се изградени или реализирани. Тој не се сложи со констатацијата на Бочварски дека имаат 550 километри рехабилитирани патишта.

Дури и да се соберат сите мали локални патишта и оние главните 550 км не се постигнати. Тоа е недостижно да се постигне во Македонија. Тоа е немање политичка етика и тие знаат дека нема потреба од толку километри автопатишта. 550 км автопатишта не може да се проектираат во наредните 10 години и колку пари тоа ќе чини, рече Ивановски.

Според него, секоја опозиција вели дека владата што ветила не исполнила, но има делумно задоволство кое сега е на повиоко ниво.

Она што е ветувано во изборната програма и на митинзите е едно сериозно потфрлање, рече Ивановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.