На сметките на 6.755 сточари се префрлени повеќе од 152 милиона денари за произведено и предадено овчо, кравјо и козјо млеко од втора фаза.

Според директорот на Платежната агенција, Николче Бабовски, средствата од оваа мерка се свеж капитал што треба да им помогне на сточарите да ја обезбедат потребната количина храна за презимување на стоката.

Преку мерките од програмите за земјоделство и рурален развој, создаваме поволни услови за подобрување на сточниот фонд, зголемување на домашното производство на млеко, а со тоа и обезбедување на суровина за домашните капацитети за производство на млеко, млечни производи како и домашно произведено месо. Пандемијата со Ковид-19 уште повеќе ја нагласи потребата од здрава, безбедна храна – вели Бабовски.

Тој потенцира дека ќе продолжи навремената и неселективна исплата на субвенции за сите кои законски стекнале право за добивање финансиска поддршка во земјоделството.

Земјоделството е наша шанса за успех. Затоа сите заедно да работиме на производи со додадена вредност што позитивно ќе се одрази и врз земјоделците, но и врз бруто домашниот производ – вели директорот Бабовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.