Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии заноември 2021 година и го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 25 ноември, врз основа на што деловните банки ќе можат да обезбедат пензионерите да може да располагаат со ноемвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 26 ноември.

Владата им препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

– За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 26.11.2021 година (петок);
– За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 29.11.2021 година (понеделник);
– За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 30.11.2021 година (вторник); и
– За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.12.2021 година (среда).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.